Покетино во стил на голем спортсмен: Се извинувам на Манчестер Јунајтед поради грубите фаули


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино беше приморан да се извини на Манчестер Јунајтед поради грубата игра на неговите играчи на денешниот пријателски натпревар меѓу двете англиски екипи.

Тотенхем загуби со 2:1, а натпреварот го обележаа острите стартови на Деле Али и Муса Сисоко над новите засилувања, Ван Бисака и Даниел Џејмс.

„Малку ме изнервираа некои ситуации. Не бев среќен, тоа беше пријателски натпревар,  и кога сте уморни тогаш не успевате да ја следите играта како што треба. И потоа се случуваат такви работи. Се извинувам во името на нашите играчи на Манчестер Јунајтед, таков е фудбалот“- истакна Покетино.