Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Англија Герет Саутгејт наскоро ќе наполни една година без ангажман, а ситуацијата не се смени многу дури и пред кратко време кога преку посредници им понуди соработка на Полјаците, кои брзопотезно го одбија.
Саутгејт минатото лето ја водеше Англија до финалето на Европското првенство каде што неговиот тим беше поразен од неприкосновената Шпанија.
Суровите Англичани по тој дуел одлучија да ја завршат повеќегодишната соработка, но се испостави дека тоа беше почеток на тренерската агонија на Саутгејт, кого веќе скоро една година никој не го сака.
Гледајќи дека работите стануваат сериозни и дека Полска неодамна остана без селектор, Саутгејт ги контактираше претставниците на оваа репрезентација за можноста за соработка, но стигна одречен одговор.
Причината е што Полјаците не сакаат странец на клупата по не баш пријатни искуства со Португалците Пауло Соуса и Фернандо Сантос.
Фото: Принтскрин