Пол ќе донира пари за пензиониран борец за трансплантација на бели дробови


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


ЏЕЈК ПОЛ (28) ја постигна својата 12. победа во 13. професионална боксерска борба. Јутуберот кој стана боксер го победи Хулио Сезар Чавез Јуниор, 39-годишниот Мексиканец кој бил WBC шампион во средна категорија од 2011 до 2012 година, со едногласна судиска одлука.

Пол доминираше низ целата борба, а Чавез во десетте рунди не успеа сериозно да го загрози, а таков беше и впечатокот на судиите, кои го оценуваа мечот 99-91, 97-93 и 98-92 за Пол. Чавез многумина го сметаат за најсериозниот боксер со кој Пол досега се борел, со оглед на тоа што е поранешен шампион.

Ова му е шестата победа во низа на Пол, а последната ја забележа во ноември против 58-годишниот Мајк Тајсон. Единствениот пораз му го нанесе Томи Фјури, полубратот на Тајсон Фјури, во февруари 2023 година. По борбата, во интервју пред публиката која претежно го исвирка, Пол ги спомена Ентони Џошуа и Гервонта Дејвис како можни следни противници.

Меѓутоа, атмосферата се промени кога тој се осврна на емотивна тема. “Молете се за Бен Аскрен и неговото семејство. Сите треба да го поддржиме. Нека секој донира колку може”, рече Пол.

Според податоците на Националниот институт за здравство на САД, цената за трансплантација на бели дробови изнесува од 300.000 до 400.000 долари.

Фото: Принтскрин