Пол Гаскојн пуштен од болница откако итно беше хоспитализиран


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Некогашниот англиски фудбалски репрезентативец Пол Гаскојн (58) е пуштен од болница откако во петокот итно беше хоспитализиран поради здравствени проблеми, соопшти денес неговата менаџерска агенција.

“Пол доброволно се јави на одделот за итна помош во петокот поради проблеми со грлото кои го мачеа некое време,” наведе агенцијата МНТ во соопштението и додаде дека “вeќе е дома и се чувствува добро”.

Гаскојн во петокот бил пренесен во болница од неговиот возач и личен асистент Стив Фостер, кој го пронашол полусвесен во неговиот дом во Дорсет, на југозападот од Англија. По приемот, бил сместен на интензивна нега, но наскоро бил префрлен на друг оддел, каде што неговата состојба се стабилизирала.

Легендата на англискиот фудбал, познат под прекарот “Газза”, долго време се бореше со зависност од алкохол и депресија, а во последните години имаше низа здравствени проблеми.

Уште во 2020 година тврдеше дека неговиот живот променил откако вградил импланти против алкохолна зависност, но минатата година призна дека сè уште се бори со проблемите, велејќи дека има “тажно пијанство” и дека живее кај неговиот агент.

Фото: Принтскрин