„Полесно ми е да соработувам со Роналдо, отколку со Меси!“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус, Артур минатото лето ја напушти Барселона и го засили италијанскиот шампион, па досега ги запозна едни од најдобрите фудбалери во историјата Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Артур имаше прилика добро да ги запознае двајцата големи ривали, Меси и Роналдо, па ја открива главната разлика меѓу нив двајцата.

„ Во споредба со Меси, Роналдо зборува повеќе и е подостапен. Никогаш не отстапува ако има соиграч на кој му е потребен. Тренира како животно, не знае за одмор и ги тера сите останати напорно да работат. Мене дури и ми наредува што да јадам , ништо не остава на случајот. Во споредба со Меси, многу е полесно да се соработува со него бидејќи е подружељубив“, кажа Артур.