Полицијата ги приведе напаѓачите на кошаркарот на Куманово


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Кошаркарскиот клуб Куманово го заврши својот настап во плејофот во саботата, откако загуби по трет пат во серијата против МЗТ Скопје, актуелниот шампион, во полуфинале.

Со овој пораз, Куманово настапот за титулата го завршува тука, но натпреварот беше засенет од сериозен инцидент кој се одвиваше за време на паузата меѓу двете полувремиња.

Во таа драма, група од навивачите на Куманово насилно се пробија на паркетот и физички го нападнаа својот играч, Тадија Тадиќ.

На 17 мај, во 20 часот, полициските службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Ј.(36) и Д.С.(29), двајцата од Куманово. За време на полувремето на натпреварот помеѓу МКК Куманово и МЗТ Скопје, во спортската сала ‘Перо Наков’, тие се обидоа да нападнат домашен играч и да му го соблечат дресот. Лицата се приведени и по комплетното документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава против нив“, соопшти МВР.

Фото: Принтскрин