Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вилјареал и Хетафе демантираа вмешаност во било какви валкани работи, откако шпанските медиуми објавија информации дека полицијата го истражува нивниот дуел од Ла Лига.
Двата тима ги отфрлија шпекулациите на медиумите, за операција која беше почната минатата година и поради која веќе беа уапсени 11 лица под сомнеж за организирање на групи кои се занимавале со местење натпревари.
Ла Лига претходно потврди дека отворила доверливо досие во рамки на операцијата, но и порачаа дека детали од случајот нема да бидат достапни за јавноста, додека Судот не ја заврши својата работа.
Спорниот меч меѓу тимовите заврши 2-2, а клубот од Мадрид требаше да слави за да остане во игра за место кое води во Лигата на шампиони, додека дуелот немаше никакво резултатско значење за Виљареал.