Полицијата привела 223 полски хулигани по тепачката во градскиот парк во Скопје (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Скопје се соочува со непријатности во претходните денови, откако во клубот пристигнаа голем број полски навивачи за мечот меѓу Македонија и Полска, кој заврши со 0-1 на Националната Арена „Тодор Проески“.

Полските хулигани направија хаос на повеќе локации во Скопје, а се бркаа и со полицијата на градскиот плоштад пред неколку дена, по што беа приведени неколку лица.

Вчера околу 17.50 часот, на два три часа пред почетокот на мечот две поголеми групи на полски хулигани се степаа во градскиот парк во Скопје, по што интервенираше полицијата и биле приведени дури 223 лица, кои потоа со автобуси биле пренесени во станиците ширум Скопје, а против нив биле поднесени соодветни пријави.