Полицијата трага по братот на Дибала кој го прекршил правилото за…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Братот на Пауло Дибала, Густаво, заедно со неговата девојка и неговата мајка се вратиле во родната Аргентина каде морало да заминат во задолжителна самоизолација.

Сепак, лицата задолжени за проверка го пријавиле Густаво дека не се придржувал до прописите, па сега полицијата го бара за да одржи разговори со него.

Голема е веројатноста дека братот на фудбалерот на Јувентус ќе добие некоја казна од властите во Аргентина поради тоа што го прекршил правилото за самоизолација.