Полициска акција во Белгија: Уапсен менаџер поради трансфер на Митровиќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Акцијата на полицијата во Белгија беше одржана утринава, а падна познат менаџер, поради тоа што перел пари при трансферот на Александар Митровиќ од Андерлехт во Њукасл.

Очигледно истрагата ја донела полицијата до некои детали, а освен трансферот на Митровиќ, се шпекулира дека сомнително е и преминувањето на Тилеманс во Монако.

Сомнителни се 20 луѓе,а засега уапсен е познатиот фубалски менаџер Криштоф Енротај, како и еден негов соработник. Станува збор за менаџер и на Тибо Куртоа, голманот на Реал Мадрид.

Тој е обвинет дека перел пари, а полицијата го уапсила во Белгија, па останува да видиме што ќе се случи, а медиумите најавуваат дека истрагата стигнала до највисоките менаџерски кругови во Монако, Лондон и Белгија.