Политичка битка во светот на тенисот: Заедно сме со Ѓоковиќ, ќе се бориме да добие ист третман!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ за британските медиуми кажа дека таа и цела држава е зад најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, кој доби забрана од австралиските власти да влезе во државата, а потоа заврши во „притвор“.

Брнабиќ кажа дека не сака да се меша во правилата за влез во Австралија, но Ѓоковиќ треба да добие исти третман како и другите спортисти и треба да биде префрлен во друга куќа која ќе ја изнајми.

На прашањето дали се согласува со изјавата на премиерот на Австралија, Џонсон, Брнабиќ кажа дека и самата е вакцинирана, но Ѓоковиќ не добил ист третман како другите спортисти.

„Ѓоковиќ доби медицински исклучок, како и дозвола за настап на Австралијан опен, затоа и слета во Мелбурн. Бараме Новак да биде префрлен од хотелот во куќа која ќе ја изнајми додека е на турнирот. Како премиер на Србија не сака да се мешам во политиката на Австралија, но Србија ги понуди сите гаранции за Новак да биде префрлен на друго место додека ја чека одлуката“, кажа Брнабиќ.