Политиката го избрка Шевченко од кормилото на Украина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Андриј Шевченко повеќе не е селектор на украинската репрезентација, иако постигна одлични резултати додека беше на чело на екипата.

Украинецот Артем Франков открива дека Шевченко сакал да остане, но неговиот договор не бил продолжен поради политички причини.

„Шевченко беше под притисок на првиот човек на федерацијата, Андреј Павелко. Тој работеше напорно да се врати политиката во Украина. Шевченко зборуваше руски многу често и тоа не им се допадна на многумина. Политичарите интервенираа, а Шевченко не беше навикнат на такво нешто“, вели Франко.