Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го препушти тронот по елиминацијата од Ролан Гарос, а од понеделник на врвот е Италијанецот Јаник Синер.
Ѓоковиќ помина 428 недели на првото место, а многумина се сомневаат дека повторно ќе биде прв тенисер во светот.
Поранешната тенисерка Кејси Делаква смета дека Ѓоковиќ го губи влијанието во светскиот тенис и повеќе нема да се враќа на врвот.
„Дали ќе го видиме Ѓоковиќ на врвот? Мислам дека тоа нема да се случи повеќе. Новак помина 428 недели на врвот, тоа е период од повеќе од осум години, навистина неверојатно“, кажа Делаква.