Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред точно 18 години во финалето на Лигата на шампиони, Реал Мадрид славеше со 2-1 против Баер Леверкузен.
Натпреварот ќе биде запаметен по тоа што тогашната ѕвезда Зинедин Зидан постигна еден од најубавите погодоци кои см ги виделе во натпреварувањето.
Резултатот беше 1-1 до 45 минута, кога Зидан го изведе најпознатиот волеј во историјата на фудбалот и ја испрати топката во мрежата на Леверкузен.
Освен тоа што е убав, тој гол ќе биде запаметен и како еден од најважните во историјата на „кралевите“, зашто сепак тој удар беше пресуден за Реал да ја освои титулата.