Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Ливерпул на Енфилд го победи Атлетико Мадрид (3:2) во првото коло од Лигата на шампиони. Домаќините веќе до 6. минута водеа со 2:0 со головите на Енди Робертсон и Мохамед Салах, но Маркос Љоренте со два гола го врати Атлетико во игра. Сепак, Вирџил ван Дајк во судиското надополнување донесе победа за големо славје на стадионот на Ливерпул.
Но, за време на натпреварот, домашните навивачи ја провоцираа клупата на Атлетико, на што полуде гостинскиот тренер Диего Симеоне и се обиде да се пресмета со нив. Поради тоа беше исклучен. Навивачите на „Редсите“ потоа уште повеќе ги исмејуваа и гестикулираа кон гостите. Еден навивач на Ливерпул ја снимил реакцијата на член од стручниот штаб на Атлетико.
Тој плукнал врз домашните навивачи. Тој негов чин можете да го видите веднаш на почетокот од видеото во десниот дел од кадарот. Еден од заштитарите потоа им покажа на судиите на помошникот на Симеоне, кој плукнал врз навивачите на Ливерпул, кои очекуваат да биде казнет.
Alternate angle of Atletico staff spitting at Liverpool fans.
byu/JmanVere insoccer