Поништен црвениот картон на Винисиус (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанската федерација реши да му го поништи црвениот картон на Бразилецот Винисиус Жуниор кој го доби по хаосот на „Месталја“.

Винисиус доби расистички навреди од навивачите, по што имаше вербална пресметка со нив, а на крајот шпанската федерација реши и да затвори трибина на стадионот на Валенсија.

Шпанија веќе долго време има проблем со расистите, а меѓу најголемите жртви е Винисиус кој по десетти пат се соочи со расистички навреди на стадионот.

Винисиус е ослободен од казната и црвениот картон нема да важи, односно Бразилецот ќе може да настапи на следниот натпревар на Реал Мадрид.