Понижениот Тен Хаг пред „нов“ ангажман – се враќа во старото јато?


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ерик тен Хаг сериозно се посрамоти во Бајер Леверкузен, но сега е пред нов (стар) ангажман.

По двегодишната епизода во Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, по подолгата пауза, ја презеде екипата на Бајер Леверкузен на почетокот од ова лето.

Ангажманот во Германија беше одлична можност за Холанѓанецот да ја врати својата посрамена тренерска кариера на вистинскиот пат.

Но, се случи токму спротивното. Ерик тен Хаг имаше уште еден неуспешен ангажман и доби отказ по само две одиграни кола.

Тоа беше еден од најбрзите откази во историјата на германскиот фудбал, а набрзо потоа Тен Хаг доживеа уште едно понижување.

Долгогодишни вработени во Бајер Леверкузен спроведоа интерно гласање за тоа кој бил најлошиот тренер на нивниот клуб во последните 20 години.

Германскиот „Билд“ јавно ги објави резултатите, а Холанѓанецот убедливо „победи“ во ова гласање.

Малку повеќе од еден месец помина од отказот и сега холандскиот стручњак е на прагот на нов (стар) ангажман.

Како што пренесува реномираниот холандски весник „Де Телеграаф“ – Тен Хаг би можел да се врати во старото јато.

Станува збор за екипата на Ајакс со која моментално не цветаат рози, а која 55-годишниот тренер ја водеше од клупата четири години.