Понуда од соништата пристигна за ѕвездата на Реал Мадрид: Одговорот беше веднаш познат


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Телефонски повик од Саудиска Арабија ја потресе канцеларијата на Сантјаго Бернабеу. Во игра беше сума која ретко се гледа и на најголемата сцена. Сепак, Флорентино Перез го знаеше одговорот моментално.

Реал Мадрид за време на викендот доби исклучително сериозно барање од Саудиска Арабија.

Еден од тамошните клубови ги контактираше челниците на кралскиот клуб со намера да започнат преговори за голем трансфер.

На маса беше понуда вредна дури 200 милиони фунти. Се работи за сума која би ги разнишала и најстабилните европски гиганти. Сепак, во Мадрид дилема речиси и да немаше.

Реал Мадрид веднаш ги информираше саудиските клубови дека Винисиус Жуниор не е на продажба за време на јануарскиот преоден рок.