До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Барселона му понуди на Роберт Левандовски продолжување на договорот, но со намалена плата, што предизвика бурни реакции во неговата родна Полска. Додека иднината на полскиот напаѓач на Камп Ноу сè уште се разгледува, многу негови сонародници во Полска сметаат дека понудата на Барселона е несоодветна и го повикуваат да го напушти клубот.
Според пишувањата на шпанските медиуми, каталонскиот клуб му предложи на Левандовски едногодишно продолжување на договорот со полоши финансиски услови. Во исто време, се појавува интерес од други клубови кои му нудат можност да продолжи да игра на највисоко ниво. Иако Левандовски наводно се чувствува удобно во клубот и градот, притисоците од надвор се сè посилни.
Во Полска, дискусијата за неговата судбина стана од првореден интерес. Преовладува мислењето дека за него би било најдобро да ја промени средината и да оди во тим каде што му е гарантирана главната улога следните години и каде би можел да продолжи да ја докажува својата играчка квалификација.
Еден од најгласните критичари е поранешниот полски репрезентативец, Јан Томашевски, кој без околкување му советува на Левандовски да си замине. „На оваа тема апелиравме пред три или четири месеци. Роберт, биди маж. Не си ти било кој. Ти си најпознатиот Полјак во историјата, а дозволуваш да се однесуваат така кон тебе во Барса?“, порача за весникот Супер Експрес.
















