Попович го урна рекордот рекордот на својот ментор: Тоа е иронично, ми го спаси семејството…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот тренер Грег Попович сакаше да избега од теренот, но не успеа поради неговите кошаркари, кои го задржаа за да ја прослави победата на Сан Антонио спарс (104-102) против Јута џез.

Попович ќе има причина зошто да ја памети победата на неговиот тим бидејќи стана тренер со најмногу триумфи, односно 1.336 во регуларниот дел од НБА-лигата.

„Тој рекорд го делиме сите ние. Не е тоа мој рекорд, туку наш. Иронијата е тоа што Нелсон ми даде работа во 1992 година кога беше невработен. Затоа мислам дека сум незаслужено во оваа позиција и во иста реченица со него. Тој ми го спаси семејството со неговиот потег. Ова е посветено за многу луѓе“, кажа легендарниот тренер на Сан Антонио.

Попович до рекордот стигна по 2.030 натпревари во регуларниот дел од најсилната кошаркарска лига.