Поради кризата, Рома продава три млади sвезди за 120 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Економските проблеми веќе ги погодија многу европски фудбалски клубови поради пандемијата на коронавирус, а доколку дојде вториот бран тие ќе станат многу посериозни.

Еден од клубовите кој е под постојан финансиски притисок, поради што се принудени да ги продаваат своите ѕвезди пред да го достигнат врвот, секако е Рома. Управата на римскиот гигант на крајот на минатата календарска година беше во преговори да го продаде клубот на „Фридкин Груп“, но целата работа беше ставена на пауза заради пандемијата.

Од таа причина, Волчицата ќе биде принудена да ги продаде своите млади ѕвезди ова лето, тврди Газета дело Спорт, затоа што е лесно можно тие да не се пласираат во Лигата на шампионите следната сезона, која ќе биде нивна втора сезона по ред, и ова е финансиски клучна ставка во бизнис на клубот од Олимпико. Според истиот извор, Рома затоа ќе биде принудена да продаде тројца од четворицата главни млади играчи ова лето на кои планираше да ја гради иднината, а евентуално да ги продаде за многу поголеми пари подоцна. Триото го сочинуваат Ченгиз Андер, Џастин Клуиерт и Патрик Шик, додека единствената добра во оваа приказна е фактот дека Николо Заниоло ќе остане во клубот, најголемата надеж во дресот на Рома во последните години.

Рома не би имала против да продаде уште неколку играчи, како што се оние кои ќе се вратат од позајмица (Гоналонс, Олсен, Анте Ќориќ, Флоренци и Карсдорп), но и тројца Аргентинци (Пероти, Фазио, Пасторе) кои имаат високи плати.