Поради ова половина од репрезентацијата на Аргентина може да биде суспендирана од финалето!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Аргентина со неверојатен пресврт ја победи Англија со 2:1 и против Шпанија ќе го брани светското првенство. Сепак, во финалето во недела на 19 јули би требало да играат без ‘половина тим’. Причината е политичка порака од теренот, која сепак, скоро сигурно нема да биде санкционирана.

Откако ја совладаа Англија во неверојатен натпревар, аргентинските фудбалери на теренот се појавија со политичка порака. Џовани Ло Селсо се појави на теренот со транспарент на кој пишуваше дека ‘Фолкландските острови (Малвини) се аргентински’.

Голем број други фудбалери потоа му се придружија во славјето со овој транспарент. Навивачите на трибините, се разбира, уживаа.

Овие острови се дел од британска прекуморска територија, а право на нив полага и Аргентина. Во текот на 1982 година помеѓу Англичаните и Аргентинците се водеше војна во која Аргентинците беа поразени, а односите меѓу двете држави останаа затегнати, што се пренесе и на фудбалскиот терен.

ФИФА забранува политички манифестации од страна на играчите, било да е тоа преку нараквици, маици, банери или дури и песни.

На Родри и Мората им беше доделена суспензија од еден натпревар затоа што во текот на Еуро 2020 ја пееја песната “Гибралтар е шпански”.

Сега играчите на Аргентина… pic.twitter.com/mCEqJp3e0w— Arturo Villegas (@ArturoVill7) 16 јули 2026

.