Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Овој викенд, Струмица ќе биде домаќин на одбојкарските натпревари во рамките на Европската златна лига, каде што македонската репрезентација го организира третиот турнир. Нашите одбојкари ќе се соочат против репрезентациите на Израел и Црна Гора, но турнирот ќе се организира во услови кои се специфични.
Од Одбојкарската федерација на Македонија информираа дека дел од натпреварите ќе бидат без публика поради зголемените безбедносни загрижености. Ова е поврзано со актуелната воена состојба и затегнатите односи меѓу Израел и Иран.
Натпреварот меѓу нашата репрезентација и Израел, закажан за петок, 20 јуни во 20:00 часот, ќе се одигра зад затворени врати во спортската сала „Парк“ во Струмица. Истиот ќе важи и за натпреварот помеѓу Израел и Црна Гора, кој е закажан за сабота, 21 јуни, на истото место и во ист термин.
Фото: Принтскрин