Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот украински репрезентативец Анатолиј Тимошчук го сметаат за еден од најголемите предавници на својата земја поради војната со Русија.
Тимошчук има 144 настапи за неговата репрезентација, но поранешниот фудбалер на Баерн Минхен нема емоции и остана да работи во Русија.
Украинецот не сакаше да ја остави својата работа како помошник тренер во Зенит од Санкт Петербург, а тоа го осудија неговите сонародници.
Ќе му биде укината професионалната лиценца и сите други државни награди и титули кои ги освои, а неговата поранешна сопруга Надежда Навротскаја испрати брутална порака.
„Ова се нашите украински деца, ти ги остави тука за да им го бакнуваш задникот на Русите. Заедно со нив си против нашите деца. Тоа го правиш со твојот потег да останеш во Русија и да јадеш во рестораните, да купуваш нивна облека и да точиш гориво“, порача Надежда.