СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Поранешниот британски тенисер Тим Хенман беше многу смирен за време на Австралија Опен како репортер на „Еуроспорт“, но веднаш штом заврши натпреварувањето, веднаш почна да зборува за Новак Ѓоковиќ.
Во интервју за британскиот „Експрес“, Тим Хенман рече дека секогаш забележувал дека Новак на некој начин „е љубоморен на Федерер и Надал“ поради нивниот однос со навивачите, и дека во тоа лежи неговиот бес покажан во Мелбурн.
„Мислам дека, ако малку подлабоко погледнете, според моето мислење, Новак Ѓоковиќ отсекогаш мечтаел за таа наклоност која секогаш му беше укажана на Федерер и Надал“, рече Тим Хенман.