Поранешен фудбалер на Арсенал удри по своите: Тоа е циркузантски клуб


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот играч на Арсенал, Бакари Сања удри по својот поранешен клуб и истакна дека таму сега се станало циркус.

Сања помина седум сезони на „Емирати“ и одигра 285 средби за Арсенал пред да направи трансфер во редовите на Манчестер Сити.

„Изгледа како тоа да е цирузантски клуб. Не знаете кој го води и кој ги носи одлуките, а се чини дека и играчите немаат доволна самодоверба на теренот. Не ни знаете кој ќе биде следен менаџер и тоа е лоша, лоша ситуација во клубот“ –истакна Сања.