Поранешен фудбалер на Милан го загуби животот во судир со – диви свињи! ?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешниот младински репрезентативец на Италија и дете на Милан, Симонлука Агаконе почина во сообраќајка во Италија. Покрај него, животот го загуби и Матео Равето, уште еден фудбалер.

Италијанските медиуми објавија дека автомобилот во кој се наоѓале двајцата фудбалери се судрил со диви свињи и излетал од патот.

Агаконе во текот на кариерата играше за Милан во младинските категории, а потоа носеше дресови на уште неколку италијански клубови, како што се СПАЛ, Монца, Специја, Новара…