Поранешен фудбалер на Милан ќе го засили Јувентус!?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот италијански шампион Јувентус вчера славеше против Лајпциг, но остана без услугите на најдобриот дефанзивец Бремер.

Бремер се повреди и го чека пауза до крајот на сезоната, па поради тоа „Старата дама“ тргна во потрага по негова замена.

Италијанските медиуми пишуваат дека калчолигашот сака да го ангажира Симон Кјаер кој е слободен агент.

Наводно, на листата со желби на Јувентус се наоѓа и шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос.