Поранешен играч на Ливерпул уапсен поради физички напад


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот играч на Ливерпул и младинската англиска репрезентација Џордон Ајб (30) беше уапсен минатиот месец по слетувањето на аеродромот Лутон. Ајб, кој денес игра во Бугарија за Локомотив Софија, беше испрашан поради наводен напад што се случил средината на декември минатата година.

Триесетгодишниот фудбалер беше ослободен со кауција и треба да се појави пред прекршочниот суд во Кројдон на 6 март. Тој се врати во Велика Британија од Бугарија за да присуствува на рочиште во друг, одделен случај. Неговото апсење било потврдено и од полицијата.

“Џордон Ајб е обвинет за напад со нанесување телесни повреди. Обвинението се однесува на напад кој наводно се случил во недела, на 14 декември 2025 година,” изјави портпаролот на полицијата. “Беше уапсен на аеродромот Лутон во петок, на 30 јануари, и приведен.” Дејли Мејл Спорт ги контактираше претставниците на Ајб за коментар.