Поранешен играч на Милан се нуди бесплатно да игра за Манчестер Јунајтед: Не сакам пари, сакам да играм за …


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед има голема мака со повредени играчи, па Солскјер од викенд во викенд се мачи да го склопи составот за секој натпревар.

Сега, на клубот им се понуди еден играч кој долго време се поврзуваше со трансфер на „Олд Трафорд“.

Станува збор за Кеисуке Хонда кој додека играше во ЦСКА Москва се поврзуваше со премин во Манчестер Јунајтед. Јапонецот во моментов е слободен агент и на невообичаен начин, преку Твитер се понуди да се приклучи на Манчестер Јунајтед.

„Дајте ми понуда. Не ми требаат пари туку сакам да играм за најголемиот тим и со најдобриот соиграч“ –напиша Хонда.

Последен клуб на 33 годишниот Кеисуке Хонда беше австралискиот Мелбурн Виктори каде играше значајна улога па токму затоа се уште верува дека може да им помогне на „ѓаволите“.