Поранешен кошаркар на Торонто откри каде Ленард ќе ја продолжи кариерата


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Голема напнатост владее во НБА-лигата за тоа каде ќе ја продолжи кариерата Кави Ленард. Тој имаше состанок со сите заинтересирани клубови, па како што се шпекулира, Ленард го скратил списокот на Лос Анџелес Лејкерс, Клиперс и Торонто репторс.

Иако се шпекулира дека Лејкерс се во голем предност, сепак поранешниот кошаркар на Торонто репторс, Хален Роуз има поинакво мислење.

„Според мои информации, Ленард ќе остане во Репторс. Ќе потпише двегодишен договор, а потоа ќе ги има сите услови да добие максимален договор“, вели Роуз.

Роуз најави минатата година и заминување на Кави од Спарс. Кошаркарот инсистираше пред враќањето на паркетот да ја реши повредата која ја имаше, додека во Спарс инсистираа тој да игра што е можно порано.