Поранешен легендарен тренер на Милан: Отказ за Џампаоло ќе биде грешка…


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Поранешниот легендарен тренер на Милан, Ариго Саки верува дека отказ за Марко Џампаоло ќе биде голема грешка на управата на „Росонерите“.

Според Саки со тоа нема да се покаже почит кон искусниот тренер кој со МИлан го има најлошиот старт во последните 80 години.

„Бркањето на Џампаоло ќе биде двојна грешка. Ќе биде грешка на тимот и недостиг на почит за професионалниот тренер. Мора да бидеме трпеливи. Има многу млади луѓе и можеби затоа не см доволно созреани. Џампаоло веќе покажа дека е добар и со послаб тим од Милан. Мора да бидеме трпеливи, Милан има добар тим“ –истакна Ариго Саки.