Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешната ѕвезда во НБА лигата Мајк Биби (41) изгледа непрепознатливо по завршувањето на играчката кариера.
Биби ја заврши кариерата во 2012. година, а потоа се посветил на теретана, која потполно му го променила физичкиот изглед.
Мајк е потполно фокусиран на вежбањето, а откри дека по цел ден е концентриран на вежбањето.
“Секогаш сум во теретана. Наутро работам на себе и имам посебен план на вежби за секој ден. Покрај теретаната играм кошарка, а во вечерните часови одработувам уште некои вежби”, рекол Биби и потоа дополнително ги изненадил новинарите со своите коментари:
“Секогаш сум бил вака граден, но НБА клубовите не ми дозволуваа да кревам тегови. Но, јас тоа го сакам. Сакам да вежбам, сакам да бидам појак од другите”, порачува Биби.
Мајк Биби имаше навистина фантастична НБА кариера. Започна во Ванкувер Гризлис, а најдобрите денови ги помина во Сакраменто Кингс.
Играше уште за Атланта, Вашингтон, Мајами и Њу Јорк.