Поранешен тренер на Јувентус ќе биде наследник на Тен Хаг?


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Ерик Тен Хаг е под голем притисок поради лошите резултати и наскоро би можел да добие отказ, а Манчестер јунајтед веднаш ќе тргне по негова замена.

„Црвените ѓаволи“ наводно се заинтересирани за поранешниот тренер на Јувентус, а тоа е Масимилијано Алегри.

Италијанските медиуми пишуваат дека Алегри е расположен за преселба во Англија, па би можел да го прифати предизвикот и да седне на кормилото на гигантот од „Олд Трафорд“.