Поранешна тениска легенда тврди: Ѓоковиќ е истрошен и тоа го знае!


ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓


Поранешниот светски број еден и олимписки шампион од Сиднеј Евгениј Кафељников зборуваше во интервју на Јутјуб каналот „Прво и црвено“ за актуелниот врв на светскиот тенис, генерациските промени и статусот на некои од најдобрите играчи на денешницата.

Според неговото мислење, ерата на Карлос Алкарас и Јаник Синер само што започнува.

Карлос Алкарас и Јаник Синер ќе владеат долго време. Колку долго? Мислам дека тоа најмногу зависи од нив двајца. Едноставно, никој не може да им се спротивстави. Ни Александер Зверев, ни Новак Ѓоковиќ. За жал, Новак е физички потрошен и тоа го знае. А кога се игра на грен слемови, до три добиени сета, многу е тешко физички да се издржи борбата со младите момци кои се на врвот на своите сили. Страшна мислам дека ќе ја гледаме нивната доминација барем пет години“, рече Кафељников.