Поранешна ѕвезда од НБА проси на улица! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешната ѕвезда на НБА-лигата, Делонте Вест го загуби цело богатство кое го има. Овој 37-годишен маж сега е фотографиран на улиците на Далас како бара пари за храна.

Вест на почетокот на годината беше снимен на улица. Тогаш светот ја виде снимката од негово претепување, по што многу поранешни соиграчи се обидоа да го најдат.

Меѓутоа, не успеаа, па Вест продолжи да шета по улиците, а сега е забележан повторно во Далас, каде што се моли за храна и оваа фотографија растажи многу љубители на најсилната кошаркарска лига во светот.

Вест по завршувањето на кариерата стана зависник од дрога и се наоѓа во лоша психичка состојба.