Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Дарко Ковачевиќ пред речиси две недели беше нападнат во близина на својот дом во Атина. Уште не е познато кој пукал кон легендата на српскиот фудбал, а некои медиуми објавија вест дека негова ликвидација нарачал поранешниот играч на Реал Мадрид, Раул Браво.
Браво, кој се поврзува со местење натпревари во Шпанија, во разговор за „Марка“ остро ги демантираше обвинувањата.
„Такви работи влијаат на мене и моето семејство. Боли тоа да се чита. Дарко ми се јави и ми кажа дека објавите се лудост. Бевме цимери и сега имаме добар однос. Српски медиум објави дека јас ја наредив ликвидацијата на Ковачевиќ. Тоа се лаги“, кажа Браво.