Поранешниот Мерцедес на легендарниот Оливер Кан се продава на аукција! (ФОТО)


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Легендарниот Оливер Кан сигурно е ден од најдобрите голмани во историјата, кои со своите одбрани го воодушевија фудбалскиот свет.

Кан поголемиот дел од кариерата го помина бранејќи за Баерн Минхен со кој ги освои сите можни титули.

Овој 49-годишен голман ја заврши кариерата во Баерн во 2008 година, но остана дел од баварскиот тим.

Кан деновиве повторно е во центар на внимание, но овојпат не од фудбалска причина, туку поради својот поранешен автомобил.

На интернет се појави вест дека се продава неговиот поранешен автомобил, а сегашниот сопственик ги објави и документите за да го докаже тоа.

Сопственикот на Мерцедесот е Питер Аткинс, кој решил да го продаде, а неговата цена на аукција во моментов е 8.449 евра.

„Се сеќавам кога го купив и ги погледнав документите. Не можев да поверувам дека него го возел Оливер Кан. Бев многу среќен“, вели сопственикот.