Поранешниот напаѓач на Баерн се враќа во Бундеслигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Волфбсург се откажа од Симоне Заза и најде поефтина опција.

Сега е се официјално, Волфсбург го ангажираше Марио Гомез од Фиорентина.

Гомез покрај Фиорентина го носеше дресот и на Баерн, Штутгард и Бешикташ.

Тој минатата сезона како фудбалер на Фиорентина ја помина на позајмица во Бешикташ со кои го освои шампионатот на Турција, од Бешикташ сакаа да го задржат но по нередите во Истанбул тој реши да не останува таму.

Во Волфсбург ќе го носи дресот со број 33 а официјално ќе биде претставен во текот на утрешниот ден.

„Среќни сме што го ангажиравме, тој е напаѓач од светска класа. Сакам да го вратам Волфсбург на интернационалната сцена и се надевам ќе успеам во тоа“ – вели спортскиот директор на Волфсбург Клаус Алофс.

„Се радувам на новиот предизвик. Воодушевен сум што се вратив во Бундеслигата. Сакам да се вратам со Волфсбург на интернационална сцена и ќе успееме во тоа“ – вели Гомез