Поранешниот претседател на Барселона, Бартомеу заврши зад решетки!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Бартомеу заврши зад решетки бидејќи е поврзан со скандалот наречен „Барсагејт“ додека беше прв човек на каталонскиот тим.

Шпанската полиција утрово влезе на „Камп Ноу“ за да направи претрес во просториите како дел од истрагата поради вмешаноста на Бартомеу, кој водеше кампања против неговите фудбалери.

Барселона минува низ турбулентен период, а полицијата својата акција ја направи на само една недела пред претседателските избори.

Освен Бартомеу, уапсени се уште и Оскар Грау и Рома Гомез Понти, извршниот директор на правниот оддел на Каталонците.