Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот претседател на Милан, Силвио Берлускони се вклучи во акцијата да им помогне на болните од коронавирусот.
Познато е дека Ломбардија во Италија е најпогодена од пандемијата на коронавирусот, а за да обезбедат дополнителни кревети им требаше помош.
На крајот, како што објавија италијанските медиуми, помогна 83-годишниот милијардер Силвио Берлускони, кој во Ломбардија донираше 10 милиони евра за опрема потреба за интензивна нега.
Италија е најпогодена во Европа, па над 2.100 луѓе починаа по заразата со коронавирусот, додека 1.851 се наоѓа на интензивна нега.
Од Ломбардија замина и Берлускони, кој најде мир на друго место, но не го заборава својот крај за кој донира пари.