Поранешниот претседател на Реал: Зинда има моќ да го продаде Бејл


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон истакна дека Зинедин Зидан има моќ да го продаде Герет Бејл.

Според Калдерон, Зидан сакал да го продаде Бејл и во минатото и токму затоа си заминал од клубот по крајот на минатата сезона.

„Зидан даде до знаење дека ќе си оди минатата сезона затоа што Флорентино Перез не ги прифаќаше неговите одлуки. Од друга страна претседателот одлучи да го задржи Бејл. Перез не сака да прифати дека погрешил кога кажал Бејл би можел да биде лидер на тимот по заминувањето на Роналдо. Сега Зидан има моќ да го продаде Велшанецот, и ќе го стори тоа“- истакна Калдерон.