Поранешниот тренер на „бунтовникот“ од Арсенал: Неговото однесување ќе му ја уништи кариерата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Матео Гендузи стави точка на својата кариера во Арсенал по инцидентот кој го креираше на натпреварот против Брајтон пред две недели.

Од тогаш па навака Гендузи не е во составот на Арсенал, а Артета наредил тој да тренира одвоено од првиот тим и веројатно ќе биде продаден по крајот на сезоната кога трансфер периодот ќе се отвори.

Неговиот поранешен тренер од Лориен, Бернард Касони истакна дека имал проблеми со играчот кога бил тренер на францускиот клуб.

„Проблемот на Гендузи не е физички или технички. Тој е во неговиот пристап. Не е добар за тимот, а ни за тренерот. Мојот однос со него не беше многу добар.

На еден куп натпревар против Ница тој доби рано жолт картон. Судијата ми кажа на полувреме да му објаснам на Гендузи и да го предупредам дека ако направи уште еден фаул ќе биде исклучен, но во второто полувреме ништо не се случи. Немав избор и морав да го извадам од игра. Кога го сторив тоа, тој одби да се ракува со мене.

Тој работата си ја сфаќа сериозно, на тренинг немавме никаков проблем, а неговиот карактер е победнички. Понекогаш кога зборува е добро, но некогаш зборува многу лошо. Неговиот талент не е во прашање и не е проблем. Тој може да биде топ, топ играч и мислам дека се уште може да успее. На него останува да си го промени карактерот и пристапот кон нештата“ –изјави Касони.