Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пристигнувањето на Златан Ибрахимовиќ ја препороди екипата на Милан, кој игра многу подобро од стартот на сезоната, па вчера се пласираа и во полуфиналето на италијанскиот Куп.
По победата од 4-2 против Торино се огласи младиот Рафаел Леао, кој е импресиониран со фактот дека игра во иста екипа со Швеѓанецот.
„Порано играв со него на Плејстејшн, а денеска му асистирав за гол. Никогаш немој да престанете да сонувате“, напиша Леао.
Младиот фудбалер ќе има што да научи од Ибрахимовиќ и можеби тој ќе му биде најдобар учител во животот.