Поразителна статистика: Барселона од 2015 донесе 22 фудбалери, а само седум останаа во клубот!


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Летниот преоден рок заврши вчера, па сега тренерте на клубовите конечно може да се фокусираат на предизвиците.

Барселона летово донесе неколку засилувања, а најголемо беше Антоан Гризман, кој за 120 милиони евра стигна од Атлетико Мадрид.

Второто засилување на каталонскиот клуб беше Френки де Јонг, кој за 75 милиони евра стигна од Ајакс.

Барселона од 2015 година донесе 22 фудбалери, а само седум од нив останаа на „Камп Ноу“.

Минатата година дојдоа Малком, Муриљо, Принс Боатенг, Ленгле, Артур, Тодибо и Видал. Првите тројца по само една сезона си заминаа од клубот, a од останатите засилувања кои во претходните години стигнаа, но не издржаа на „Камп Ноу“ се и Фелипе Кутињо, Паулињо, Делуфеу, Пако Алкасер,  Диње, Силесен,  Денис Суарез, Арда Туран, Алеиш Видал…