Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ нема по добро да го памети учеството на Мастерсот во Монте Карло, каде што испадна во првиот меч, но исто така може да го радува тоа што Шпанецот Карлос Алкараз го заврши натпреварувањето.
Ѓоковиќ на таков начин остана единствен тенисер во историјата кој ги освоил турнирите во Мајами и Монте Карло во иста сезона.
Србинот до таков успех стигна во 2015 година, кога најпрво го освои Индијан Велс, па Мајами на американската турнеја, по што се закити со титулата на Монте Карло.
Ѓоковиќ без разлика на поразот во Монте Карло ќе го зачува првото место на АТП-листата и во понеделник за 100 бодови ќе ја зголеми предноста пред Русинот Данил Медведев.