Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Барселона за викендот доживеа тежок пораз на гостувањето кај Севиља (4:1), а натпреварот во Андалузија, изгледа, пресуди на ѕвездата на каталонскиот клуб.
Сепак, деталот кој го обележа мечот во Севиља се случи во 76-та минута поради што една од најголемите ѕвезди на Барселона се најде под жестоки критики.
Станува збор за полскиот напаѓач Роберт Левандовски, кој изведе очаен пенал и ја испушти можноста да израмни на 2:2 и целосно да ја врати Барселона во мечот, но не успеа да го направи тоа.
Навивачите на Барселона жестоко го критикуваа Левандовски на социјалните мрежи по поразот во Севиља, а шпанските медиуми пишуваат дека и челниците на каталонскиот клуб беа исклучително незадоволни од неговата игра.
Левандовски има договор со Барселона до крајот на оваа сезона со опција за продолжување на уште една година, но како што објави „Мундо Депортиво“, од тоа нема да биде ништо, бидејќи Каталонците одлучиле дека Полјакот повеќе не им е потребен.
Колку се незадоволни со тоа што Лева направи во Севиља најдобро покажува фактот што по враќањето во Барселона контактираа со неговиот агент и му соопштија дека од преговори за продолжување на договорот нема ништо.
Не е тајна дека Барселона веќе извесен период размислува за промена на напаѓачот и како што стојат работите, натпреварот во Севиља беше пресуден во одлуката дека Левандовски по оваа сезона повеќе нема да им биде потребен.
Првата желба на Барселона е Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, за кого се подготвени да платат и над 100 милиони евра, бидејќи се свесни дека неговото доаѓање би било огромно засилување со оглед на тоа што игра во фантастична форма.
.Левандовскијевиот пенал, замислете некој да кажува дека пеналите се лесни за постигнување, почит за Килијан!
— Miss ADEL🦋🦚🌹 (@a_derll) October 5, 2025
pic.twitter.com/D2pLVwhZ9j