Портланд продолжи да се бори за плеј-офот, неверојатниот Лилард постигна 51 поен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Портланд Трејл Блејрс славеа синоќа во неверојатен натпревар против Филаделфија 76ерс со 124:121, а уште еден неверојатен натпревар одигра Дамиан Лилард.

Портланд одигра одлично од самиот почеток и тие го добија првата четвртина со 33:19. Сепак, Филаделфија не се откажа толку лесно. Овој тим успеа да ја анулира предноста на Портланд во продолжението на натпреварот.

Играчите на Филаделфија ги вратија работите на почеток во третата четвртина и дојдоа во изедначен натпревар, а нè чекаше уште еден одличен финиш. Но, за разлика од натпреварот против Клиперси овој пат Портланд беше многу подобар во самиот финиш.

Фантастичен беше Лилард кој ја презеде одговорноста и со тоа му донесе победа на својот тим. Портланд успеа да слави со 124:121, и ја продолжи борбата за осмото место, кое на крајот води во плеј-офот.

Во Портланд, Лилард беше фантастичен, постигнувајќи 51 поен за 40 минута, додавајќи седум асистенции и три скока.

Нуркиќ постигна 15 поени, шест скока и три асистенции. Искусниот Кармело Ентони исто така беше одличен со 20 поени и седум скока.

Во противничката екипа Џош Ричардсон се истакна со 34 поени, шест асистенции и пет скока.