Порто го искористи двоумењето на Интер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Змајевите“ во наредната сезона ќе бидат посилни за левниот бек кој во минатата сезона ја помина на позајмица во Интер како позајмен играч на Галатасарај.

Галатасарај на својот официјален твитер профил потврди дека трансферот на Елекс Тељес во Порто е реализиран.

Турците од продажбата на Бразилецот ќе инкасираат 6.5 милиони евра, како и 10 % од неговото следно продавање.

Интер имаше можност да го откупи 23-годишниот Бразилец по цена од 8.5 милиони евра, бидејќи овој лев бек играше кај Нероаѕурите на позајмица и тоа по барање на Роберто Манчини, кој порано го тренираше во Галата, но како што тоа порано не се случи  Змајевите ја искористија таа неодлучност кај Интер, но мораа по втор обид, бидејќи првиот пропадна.