Портпаролот на Атлетико: Антиќ не умре од коронавирус


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Портпаролот на мадридски Атлетико изјави дека познатиот српски тренер Радомир Антиќ, кој почина во Мадрид на 71-годишна возраст, не страда од коронавирус.

Шпанија има повеќе од 13 000 смртни случаи од КОВИД-19 и е земја со најголеми жртви по Италија, а Лоренцо Санц, поранешниот претседател на Реал Мадрид, почина минатиот месец на 76-годишна возраст од коронавирусот.

„Не, Антиќ не умре од коронавирус. Тој беше болен долго време, но не знам што точно. Тој не беше вработен во Атлетико“, рече портпаролот на клубот во телефонското интервју.

Атлетико Мадрид претходно објави на својата веб-страница смртта на нивниот поранешен тренер, со кого го освои првенството и Купот во 1996. година. “Семејството Атлетико е тажно од смртта на еден од нашите легендарни тренери. Секогаш ќе бидеш во нашите срца”, соопшти мадридскиот клуб.

Антиќ беше тренер и на Реал Мадрид и на Барселона. Во последните години тој коментираше за натпревари и други настани во шпанските медиуми во Мадрид.